дома Спорт Куманово противник на Вардар во финалето на Купот на Македонија

Куманово противник на Вардар во финалето на Купот на Македонија

Екипата на ЖРК Куманово ќе игра во финалето на Купот на Македонија откако славеше со 29:22 (15:10) против Металург.

Гостинките од Скопје беа рамноправни само во првите дваесетина минути, но потоа Кумановки, бодрени од публиката ја презедоа иницијативата и на полувреме заминаа со +5 разлика. Во вториот дел домашните ракометарки ја зголемуваа предноста за на крајот да забележат убедлив триумф и да се пласираат во финалниот ме ч.

Најпрецизна кај домашната екипе беше Шарановиќ со 9 гола, додека кај Металург Гичевска реализираше седум погодоци.

Во саботното финале, домаќинот на турнирот ќе се сретне со ЖРК Вардар од 16 часот.