дома Социјални Мрежи КУНОВСКА ГО СПОРЕДИ АХМЕТИ СО МЕЧКА: Мечка ќе научи точак да вози,...

КУНОВСКА ГО СПОРЕДИ АХМЕТИ СО МЕЧКА: Мечка ќе научи точак да вози, Али македонски не!

Екс пратеничката на СДСМ и претседател на скопскиот огранок на партијата Софија Куновска прашува “Како да градиме соживот кога имаме лидер на партија кој 16 години го раниме сите граѓани а никогаш не го слушнавме да изговори еден збор на македонски?”, пишува Експрес.мк.

Под хаштагот #занекоиработитребаотворенодапоразговараме таа бара дебата за бојкотот на лидерот на ДУИ на македонскиот јазик.

“Мечка во циркус ќе научи да вози точак, Али македонски не!”, вели Куновска.

На прашањето зошто од 2002 до 2006 кога нејзината партија беше на власт му беше дозволено да говори само на албански јазик, Куновска вели тогаш на Ахмети му било дадено време да го научи македонскиот.