дома Македонија КУНОВСКА ДО ЗАЕВ: Патетични сте и за жалење, зошто секојдневно покажувате дека...

КУНОВСКА ДО ЗАЕВ: Патетични сте и за жалење, зошто секојдневно покажувате дека сте полоши од најлошите?

Поранешната пратеничка од СДСМ и една од најпознатите актерки Софија Куновска ја обвини Владата за популизам и расипничко трошење на парите на граѓаните. Таа и порача на власта дека само со парите на советниците кои не знаат што им е работата Владата може да се удостои.

-Ќе ги оставеле столбовите од оградата на владата…
Аман, до кога ќе си играте држава?

Зошто секојдневно покажувате дека сте полоши од најлошите?
Анализиравте, анализиравте, анализиравте и ова ли го смисливте?

Немате ниту идеја, ниту храброст.
Тоа дека сте штедливи на друг да му го објаснувате. Само со платите на советниците и националните координатори кои се шуткаат од прием до прием, од канцаларија до канцаларија и до ден денес немаат откриено што им е работата, можете да ги покриете трошоците за целата зграда на владата да се упристои.
А можевте и со парите за ВЕЧЕР да се послужите. Патетични сте и за жалење.