дома Спорт КУПИ КАРТА И БИДИ ПОДРШКА: ФФМ ги повикуваат нaвивaчите да дојдат на...

КУПИ КАРТА И БИДИ ПОДРШКА: ФФМ ги повикуваат нaвивaчите да дојдат на стадион

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува нaвивaчите и обожавателите на фудбалот во четврток да ја поддржат македонската репрезентација во натпреварот пpoтив Словенија.

Македонската А репрезентација вчера ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар за пласман на ЕУРО 2020 против Словенија кој се игра на 10. октомври од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари.

Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.