дома Хроника КУПУВАЛА СЕНДВИЧ, ОСТАНАЛА БЕЗ АВТОМОБИЛ: И го украле автомобилот додека чекала на...

КУПУВАЛА СЕНДВИЧ, ОСТАНАЛА БЕЗ АВТОМОБИЛ: И го украле автомобилот додека чекала на ред за сендвич во Скопје

Четириесет и осум годишна скопјанка М.С. вчера во 22.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавила дека истиот ден околу 21.20 часот на ул. „Дебарца“ непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки.

– Додека таа купувала сендвич во сендвичара, а возилото било паркирано во непосредна близина, сторителот влегол во возилото, го стартувал на непознат начин и заминал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот – велат од МВР.