April 19, 2024, 12:20 am

Курти: САД нè сакаат повеќе отколку што мислат луѓето, тие го знаат Косово, ги знаат нашите достигнувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Косово Аљбин Курти порача дека Соединетите Американски Држави го сакаат Косово повеќе отколку што мислат луѓето, особено ако со него раководат луѓе кои не се корумпирани, пренесуваат приштинските медиуми.

Курти кажа дека САД не сакаат да носат одлуки наместо Косово и истакна дека јакнењето на државата Косово го јакне и сојузот со САД.

„Ние сме сојузници и партнери со САД, кои имаа исклучителна улога за Косово. Тие не сакаат да носат одлуки наместо нас, туку сакаат да бидеме посилни. Јакнењето на државата Косово, по мое мислење, го јакне нашиот сојуз“, кажа Курти.

Тој додаде дека со секој американски функционер со кој се сретнал, вклучувајќи го и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, разговарал за борбата против криминалот и корупцијата.

„Продолжувам да зборувам за борбата против криминалот и корупцијата. Кога зборував за тоа никој не ја прекинуваше мојата реченица. Мојата должност е да го претставувам Косово, за тоа сум платен. Извршивме 500 полициски операции. Тие го знаат Косово, ги знаат нашите достигнувања, но многу е важно да кажам дека никогаш не ме прекинуваа ниту ја менуваат темата. САД нè сакаат повеќе отколку што мислат луѓето“, наведе косовскиот премиер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This