дома Балкан Курти се вакцинираше против коронавирус

Курти се вакцинираше против коронавирус

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска ја прими вакцината против коронавирус. Тој се вакцинираше со вакцината од компанијата „АстраЗенека“, соопшти неговата прес-служба.

„Се вакцинирав против ковид-19. Вакцината е сигурна и сакам да заврши оваа пандемија што поскоро. Ги охрабрувам сите луѓе да се цакцинираат. Синоќа пристигна првата пратка од 24 илјади вакцини, ќе имаме уште вакцини, ќе се обидеме да се вакцинираме што побрзо“, рече Курти кој порача во меѓувреме да се носат маски, да се почитува дистанца и препораките за заштита од ковид-19.