Курти: Соработка на ЕУ и САД е неопходна во посредувањето во косовско-српските преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Албин Курти ја поздравил соработката и координацијата меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави во пресрет на, како што изјавил, „новиот процес на дијалогот меѓу Косово и Србија“.

По средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Метју Палмер, Курти порачал дека таа соработка е „добредојдена, затоа што е неопходна“.

Премиерот Курти ја оцени како значајна средбата и времето во кое таа се случи: во пресрет на средбата во Брисел, најавена за средината на јуни, по неговите средби со опозициските лидери и пред расправата во Собранието за досегашниот процес на дијалогот (со Србија), постигнатите договори и степенот на нивна спроведливост – се вели во соопштението по средбата.

Лајчак и Палмер допатуваа во дводневна официјална посета на Косово. Тие денеска имаа средби и со претседателката на државата, Вјоса Османи, како и со лидерите на двете најголеми опозициски партии во земјата, Љумир Абдиџику од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Енвер Хоџај од Демократската партија на Косово (ПДК).

Според агендата која ја објавија канцеларијата на ЕУ и од амбасадата на САД во Приштина, планирани се средби и со првиот вицепремиер, задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими и со втората вицепремиерка и шефица на косовската дипломатија, Доника Грвала, како и со претставници на меѓународната заедница и со шефовите на мисиите на ЕУ во Косово.

Од канцеларијата на ЕУ соопштија дека Лајчак и Палмер ќе информираат за текот и резултатите од посетата преку заеднича прес-конференција, која ќе ја одржат утре претпладне во седиштето на мисијата на ЕУ во Приштина.

Посетата на претставниците на ЕУ и на САД задолжени за Западен Балкан се случува во пресрет на најавеното продолжение на дијалогот за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, кое треба да се одржи во текот на месец јуни во Брисел, со средба на косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This