March 28, 2024, 10:41 am

Курти: Статусот на Косово е решено прашање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сепак смета дека Косово е територија што Србија мора еден ден да ја врати.

Тој исто така во интервју за француски „Ле Монд“ рече дека Белград треба да се соочи со минатото и да стане подемократски, објавија приштинските медиуми.

Запрашан за неговите впечатоци по првиот состанок со Вучиќ на 15 јуни во Брисел, Курти повтори дека не било лесно, но дека било конструктивно.

„Инсистирав ништо повеќе да не се крие под тепих, па затоа треба искрено да се реши прашањето за меѓусебно признавање на Косово и Србија. На сите ни треба заемно признавање, а Вучиќ одговори дека никогаш нема да го признае Косово. Одбивањето на реалноста од една страна и вистината од друга страна доаѓа од истата логика. Србија мора да се дистанцира од времето на Слободан Милошевиќ, кој започна со апартхејд и заврши со геноцид во Косово“, рече Курти.

Како што додаде, Вучиќ сепак смета дека Косово е територија што Белград мора еден ден да ја врати, без да ги земе предвид луѓето и граѓаните што живеат таму, пренесува Танјуг.

Потсетувајќи дека Приштина прогласи независност во 2008 година, тој рече дека, по одлуката на Меѓународниот суд на правдата во 2010 година, со која се потврди дека прогласувањето независност на Косово не го крши меѓународното право, таа дебата е завршена.

„Нема да разговарам за статусот на Косово, тоа прашање е решено. Единствено прашање е прашањето за односите меѓу Косово и Србија. Вучиќ мора да го сфати тоа“, рече Курти.

Албин Курти исто така побара враќање на археолошките артефакти од Музејот на Косово, кои останаа во музеите во Белград пред 23 години.

За време на презентацијата на каталогот на тој музеј во Приштина, тој рече дека Србија, како што тврди, уништила споменици на културата.

Како што рече, неговата влада има и желба и знаење за заштита и развој на културното наследство.

„Археолошката изложба на античка Дарданија претставува артефакти од неолитот. Ова богатство е нецелосно, веројатно затоа што е најважниот дел во белградските музеи. Иако поминаа 23 години, дел од културата сè уште е во Србија. Затоа го истакнуваме ова прашање на меѓународните форуми. Србија продолжува да ги уништува нашите споменици, рече Курти.
Тој додаде дека е направено многу за џамиите и црквите кои се обновени.

„Џамиите и црквите се извор на идентитет и гордост на општеството“, рече Курти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This