Кутри пpecече: Нема да има формирање на заедница на српски општини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Албин Курти изјави денес дека нема да има формирање „еднонационална“ заедница на општини на Косово.
Претходно специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Косово и Србија Мирослав Лајчак и заменик помошникот на американскиот државен секретар Метју Палмер изјави во Приштина дека страните во дијалогот треба да најдат решение за прашањето на Заедницата на српски општини (ЗСО).

„На Косово не можеме да имаме еднонационални заедници, па е неопходно да се интегрираат сите граѓани без оглед на етничката припадност, а не да се прават згради кои ги делат и раздвојуваат“, наведе Курти при посетата на Призрен.

Најави дека дијалогот ќе продолжи кон средината на месецот.

„Нема притисоци од ЕУ или САД околу продолжувањето на дијалогот. Во тек се дискусии, дијалогот ќе биде принципиелен и фер, а Косово нема да биде објект, туку страна во разговорите. Ќе го претставиме Косово со нашето знаење, програма и со совеста и одговорноста кои секогаш сме ги покажувале“, кажа Курти.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во владата на Србија, Петар Петковиќ, пак, оцени дека денес стана кристално јасно дека целата наводна желба на Курти за дијалог е најобична лага и измама, бидејќи прави сè за со уцени и опструкции да ја поништи секоја можност за преговори и договор.

„Официјален Белград нема да се согласи на никакви еднострани толкувања или обиди за ревидирање на Бриселскиот договор, што денес зад грб на претставниците на ЕУ и САД Мирослав Лајчак и Метју Палмер им го најавува Курти. На тоа служи и неговата денешна најава дека ЗСО не може да се формира“, истакна Петковиќ, наведувајќи дека со тоа се спречува секоја можност за договор.

Тој наведе дека очекува Европската Унија, како посредник во дијалогот, јасно да се определи за ваквите еднострани толкувања на Приштина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This