дома Балкан КФОР одблиску ја следи ситуацијата со масовното тpyeње во Дечани

КФОР одблиску ја следи ситуацијата со масовното тpyeње во Дечани

Ние внимателно ја следиме ситуацијата по труењето на граѓаните на Дечани, подготвени сме да им помогнеме на сите заедници во Косово, во согласност со нашиотт мандат според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, изјави КФОР за приштинските репортери.
Мисијата исто така изјави дека институциите во Приштина не побарале нивна помош.
„Досега, локалните власти не испратија официјално барање за помош до КФОР. Како и секогаш, КФОР е подготвен да им помогне на сите заедници што живеат во Косово, во согласност со неговиот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН“, беше речено од КФОР, пренесува приштинскиот портал.
„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата преку еден наш тим за врски и надзор, кој секојдневно се состанува со претставници на локалните власти и луѓето што живеат во оваа област“, ​​рече КФОР, пренесува „Косово онлајн“.