дома Балкан КФОР открива како да се спpeчи eckaлација на ситуацијата во Косово

КФОР открива како да се спpeчи eckaлација на ситуацијата во Косово

Командантот на КФОР, унгарскиот бригаден генерал Ференц Кајари изјави дека состојбата на Косово и Метохија е генерално стабилна и дека мисијата продолжува да го извршува својот мандат.
Тој рече дека го поддржува неодамнешниот договор постигнат во Брисел, со кој се реши ситуацијата на северот на Косово и Метохија поради одлуката на Приштина за регистарските таблички, пренесува Косово прес.
Кајари додаде дека силно го поддржува дијалогот и другите напори насочени кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
„Тоа е единствениот начин да се постигне траен политички договор за регионот и клучот за стабилноста на целиот регион“, рече Кајари.
Според него, спроведувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН е од клучно значење за безбедноста на сите заедници кои живеат на Косово и за стабилноста во регионот.