дома Спорт КЈЕЛИНИ ЗАПОЧНА СО ТРЕНИНЗИ: Kапитенот на Јуве наскоро се враќа на терените

КЈЕЛИНИ ЗАПОЧНА СО ТРЕНИНЗИ: Kапитенот на Јуве наскоро се враќа на терените

Италијанскиот шампион Јувентус досегашниот тек на сезоната ја игра без капитенот и искусниот дефанзивец Џорџо Кјелини. Ветеранот ја санира повредата на коленото која го оддалечи од терените околу шест месеци и веќе започна со тренинзи. Кјелини наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот, Маурицио Сари и ќе биде додадена вредност во тимот на „старата дама“.

Дефанзивецот вчера го одработил задолжителниот тренинг и покажал дека полека се враќа во ритам. Надвор од стројот е уште Сами Кедира, чие враќање се очекува наредниот месец, а до крајот на сезоната ќе отсуствува Турчинот Демирал, кој го оперираше коленото и ќе се врати на терените во летните месеци.

Јуве се бори со Интер и Лацио за скудетото, а во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се сретне со францускиот Лион.