дома Хроника Кaзна од само 10 евра за гостите на роденденот на Али Ахмети...

Кaзна од само 10 евра за гостите на роденденот на Али Ахмети во новата зграда на Министерството за политички систем

На петнаесетината функционери на ДУИ кои на 4 јануари објавија фотографија од која се гледа како во новата зграда на Министерството за политички систем го слават 62-от роденден на партискиот лидер, Али Ахмети, без почитување на мерките за заштита од коронавирусот, Министерството за внатрешни работи им врачило казна.

Од МВР велат дека платните налози се врачени и како и за сите граѓани, така и за овие функционери важи правилото дека ако ја платат казната од 20 евра за неносење маска во рок од една недела, таа ќе им се намали на 10 евра.

Според телевизија Сител, Државниот инспекторат за труд утре ќе го заврши увидот и ако се докаже дека 15-те функционери од владејчката партија ги прекршиле протоколите Министерството за политички систем на чие чело е Артан Груби, ќе биде казнето со 2.500, а одговорното лице со 500 евра.