Кaмпaњaтa пpoдoлжyвa: ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, Чаир и Центар, СДСМ во Петровец и Аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И денеска продолжуваат интензивните активности на партиските и на независните кандидати за градоначалници и советници. Најавени се повеќе митинзи и средби на кои граѓаните во 80-те општини и Градот Скопје ќе можат да ги слушнат понудите на партиските и независните кандидати.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!” во Бутел, Чаир и Центар.

Централниот караван на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Петровец и Илинден, а на централниот настан ќе биде во Аеродром. Вториот караван на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Гази Баба.

ДУИ изборната кампања ја продолжува во Општина Теарце. Во Кавадарци и Велес изборни активности ќе има Движењето „Одлучно за промени” предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП, а Движењето БЕСА ќе има изборни активности во Студеничани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This