дома Политика Кacaми кaндидaт зa гpaдoнaчaлник нa Тетово

Кacaми кaндидaт зa гpaдoнaчaлник нa Тетово

На вечерашното основачко собрание на тетовскиот огранок, Беса ја официјализираше кандидатурата на партискиот лидер Биљал Касами за градоначалник на Тетово.

– Тетово не бара импровизација во работата, бара системска работа. Општина Тетово не треба да вработува луѓе само за да пишуваат коментари на социјалните мрежи, платени медиуми за да нема критика и да не се кажува реалноста.

– Тетовчаните заслужуваат да знаат каде оди секој денар од општинската каса. Тетовчаните заслужуваат активно да учествуваат во трансформацијата на нивниот град. Овој град е толку важен и има толку можности – истакна Касами на партиското собрание.