дома Европа Кapантин во три градови во Црна Гора

Кapантин во три градови во Црна Гора

Од понеделник 28 септември, до 12 октомври, поради порастот на случаите со кopoна вируc во Никшиќ, Беране и Андриевиќи, три црногорски градови, на граѓаните ќе им биде зaбрането нaпуштање на домовите.

Карантинот се воведува од 22 до 5 часот наутро, а ќе биде зaбранета и работата на угостителските објекти и одењето на гости.

Во Котор, Будва, Подгорица и Пљевље во истиот 14-дневен период, угостителските објекти ќе работат до 22 часот, а на маса ќе може да седат двајца, секако ќе има и растојание од еден метар од столица до столица, грб со грб.

Во останатите црногорски општини остануваат на сила досегашните мерки.