дома Европа Кopoнaвиpycoт 28 дeнa живee нa мoбилeн тeлeфoн

Кopoнaвиpycoт 28 дeнa живee нa мoбилeн тeлeфoн

Британскиот центар за контрола на болести истакнува дека ширењето на вирусите од екраните на паметните уреди е помалку опасно од пренесувањето на вирусот по пат на капки, односно преку кивање во затворен простор. Сепак, истакнуваат дека редовната дезинфекција на овие уреди е неопходна бидејќи со нив го допираме лицето.

Вирусот кој предизвикува ковид-19 може да се одржи дури 28 дена на мазна површина, како што е екранот на мобилниот телефон, металните површини и книжните пари. Од друга страна, тоа е многу подолго отколку што вирусот на грип може да остане на истите површини, однодно најдолго 17 дена, тврдат научници од Националната истражувачка организација ЦСИРО во Австралија.

Овие откритија покажуваат дека коронавирусот може да остане заразен значително подолго време во однос на првите информации за опстојувањето на вирусот во контролирани услови, заклучуваат авторите на студијата, која е објавена во списанието „Virology Journal“. На овој начин, научниците уште еднаш ја покажале неопходноста од редовна дезинфекција на паметните уреди кои ги држиме в рака.

Од друга страна, научниците се оградуваат од реалните услови на функционирање, бидејќи експериментот е спроведен на константна температура од 20 Целзиусови степени и во темни услови за да се исклучат ефектите од УВ светлоста.