Кopoнaтa пpaви пoкoc вo Велика Британија: Peгиcтpиpaни пoвeќe oд 1.000 mpтви вo eдeн дeн..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полската болница ќе биде ставена во употреба во Лондон ако биде потребно да се ублажи притисокот на другите болници во градот, рече британскиот министер за здравство откако протекоа службени документи кои сугерираат дека на Лондон му се заканува недостаток на болнички кревети за две недели.

Предвидувањата кои протекоа со Health Service Journal покажуваат дека ако бројот на заболени од Ковид-19 се зголеми за најниската стапка која се смета за веројатна, во лондонските болници ќе недостасуваат близу 2.000 кревети за актусни случаи и интензивно лекување со 19 јануари.

Прашан за прогнозите, министерот за здравство Мет Хенкок рече дека е загрижен затади притисокот на националната здравствена служба и дека владата овозможила дополнителни ресурси во делови од земјата под најголем притисок.

„На пример, во Лондон, осигуравме болницата „Најтингел“ да биде подготвена ако биде потребно. И ако биде нужно, секако дека ќе се користи“, рече тој, повикувајќи се на полската болница која е поставена на почетокот на пандемијата.

Англија воведе ново национално затворање во вторникот, училиштата се затворени, а на граѓаните им е утврдена одредба да останат дома, додека владата настојува да ги сузбие новите зарази, делумно предизвикани од високозаразниот нов сој корона вирус.

Во средата дневниот број на починати од Ковид-19 во Обединетото Кралство надмина 1.000, прв пат од април. Во земјата од почетокот на епидемијата досега починаа повеќе од 77.300 луше, најмногу во Европа.

Болницата „Најтингел“, сместена во конференцискиот центар „Ексцел“ во источен Лондон, првобитно е воспоставена за интензивна нега на заболени од корона вирус, но таму се лекувани само 51 пациент по што беше напуштена во јуни.

Таа се користи за прием на пациенти кои немаат ковид, а се опоравуваат од операции за да се ублажи незапамтената побарувачка за кревети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This