March 29, 2024, 10:17 am

Кpитично во Дебар, ширењето на опасниот вирус алaрмантно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дебарскиот општински Оперативен штаб на денешната попладневна средба, епидемилошката состојба со Ковид-19 ја оцени како многу критична, со секојдневното ширење на инфекцијата со опасниот вирус.

Тоа, како што беше посочено на средбата, е последица на високото ниво на непочитување на мерките за заштита од страна на граѓаните како и деловните субјекти кои генерално не ги почитуваат работните протоколи, ниту работното време.

-Поднесено е барање до Главниот кризен штаб да се испрати пулмонолог во Општата болница во Дебар, како и санитарен здравствен инспектор. Министерството за здравство подготвува проект за евентуална изградба на Ковид Центар и во нашата општина, информираа од Штабот.

Додаваат дека Општинската организација на Црвен крст во соработка со јавното здравство, дебарската болница и локалната власт, ќе подготви едукативен материјал со цел запознавање на граѓаните со заштитните мерки и зошто тие треба да се почитуваат.

-Исто така договоривме Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица секој понеделник и петок да ги дезинфицираат главната и пофрекфентните улици во градот. Апелираме до граѓаните да не ја занемаруваат ситуацијата и строго да ги почитуваат мерките за самозаштита,велат од Штабот.

Во Дебар досега регистрани се 173 случаи со Ковид-19 од кои дури 122 се од втората фаза на болеста, откако со регистраниот случај во село Долно Косоврасти болеста повторно, по педесет дена, се врати во ова подрачје.

Од вкупната бројка пет случаи се од општина Центар Жупа. Активни на болеста се 111 лица, починале петмина, а оздравеле 57 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This