дома Русија ЛАВРОВ ВО ПОСЕТА НА БЕЛГРАД

ЛАВРОВ ВО ПОСЕТА НА БЕЛГРАД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува денеска во посета на Белград, каде ќе се сретне со највисоките српски официјални претставници, додека утре ќе присуствува на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува денеска во посета на Белград, каде ќе се сретне со највисоките српски официјални претставници, додека утре ќе присуствува на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска економска соработка.

Се очекува дека Лавров со претставниците на српските власти ќе разговара за билатералните односи, но и за регионални и глобални прашања.

Лавров ќе се состане со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, а потоа се премиерот Александар Вучиќ и претседателот на Србија, Томислав Николиќ.