Западот го „вшмукува“ Балканот во НАТО, без оглед на волјата на народите во земјите во регионот, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на комеморацијата во чест на поранешниот постојан претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин.
Истакнал и дека Русија долго и упорбно повикува „да се врати на корените, зацртани во Повелбата на ОН и документите на ОБСЕ, на основните принципи на меѓународното живеење: соверениата еднаквост на државите, немешањето во внатрешните работи, неупотребата на сила или закана со сила, решавањето на споровите исклучиво со мирни средства“.