ЛАВРОВ ИЗНЕСЕ ОПЕРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ: Обоената револуција во Македонија и притисокот против Груевски е поради федерализирање на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата година шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров  настапи пред Советот на Федерацијата (Горен дом на националниот Парламент) и беше запрашан од еден од сенаторите
lavrov_nervoza
– „Во Македонија фактички започна нова обоена револуција според украинско сценарио, само што е во почетна фаза. Нели е дојдено време за поактивно спречување на обоените револиции во Европа?“ Зарем не треба во такви почетни фази во такви државни преврати треба да се вклучат меѓународни механизми како ОБСЕ а и Советот за безбедност во ОН за да обоените револуции не станат вообичаена пракса за промена на легитимни избрани власти?“
Лавров одговори подробно. Неговиот одговор го пренесуваме во целост:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Потполно се согласувам со Вас. Нас тоа што се случува во Македонија многу не загрижува. Македонските случувања многу грубо се контролираат и насочуваат од надвор.
Во тек е обид Владата на Никола Груевски да се обвини за некомпетентност  и дека не ги извршува своите задачи пред граѓаните, а му се препишувааат и многу други работи. Но, позади се тоа стои желбата да се влијае врз него и да се врши притисок на Груевски поради одбивање да се приклучи на санкциите против Русија. Ние со сигурност знаеме дека таквите притисоци на него се вршени и поради што во свое време како Премиер го поддржуваше Јужен тек, сметајќи на тој гасовод дека е во прилог и интерес за Македонија.

Тој покажа дека е подготвен за соработка за другата варијанта за испорака на енергенси од Русија кон јужна Европа, вклучувајќи го и Турскиот тек.

Многу е жалосно и опасно што за остварување на целта за насилно рушење на Власта на Груевски, се обидуваат да го вклучат и албанскиот фактор.

Пред неколку години таму беа остри противречности помеѓу Македонците и Албанците. Тогаш беше потпишан Охридскиот договр со кој се врати мирот и согласувањата.

Кога ние во контактите со Европска Унија, го покренавме прашањето за правата на Русите и руско јазичноста во Естонија и летонија, ги прашавме ,, Зошто го поддржаа Охридскиот договор и дали на Албанците во Македонија им дадоа сериозен обем на права, а зошто не можат тоа истото да го направат и за Русите во Естонија и Летонија, одговор не добивме. Но, по однос на Македонија добро е што конфликтот тогаш во Македонија беше разрешен.

Сега се во тек разговори дека Македонија треба уште повеќе да се федерализира, да се направи од неа ,,жилава федерализација“, можеби и ,,конфедерација“ Се изнесуваат и идеи за распарчување нарекувајќи ја вештачка држава, да се даде еден дел на Бугарија, а еден дел на Албанија.

Без да ја спомне Македонија, премиерот на Албанија во широки рамки ја ,,истури“ идејата за Голема Албанија. Во Тирана патуваат лидерите на албанските партии во Македонија и таму добиваат инструкции.

Паралелно со тоа, американскиот амбасадор си зема за право во Скопје , да ги повикува лидерите на македонските партии и албанските и опозиционите и владеачката партија.

Кон крајот на Април, беше организирано патување низ Македонија на претставници на ОБСЕ. Дојдоа во Скопје и се самопрогласија за „ОБСЕ мисија“ и при тоа изнесуваа некои рецепти и доставуваа барања кон Груевски.

Тогаш, реагиравме, со цел да не се повторува вакво  самоволие, и го замоливме седиштето на ОБСЕ, генералниот секретар и Претседателот на ОБСЕ, актуелниот министер за надворешни работи на Србија Дачиќ  да провери што се случува и да не извести како може такво нешто воопшто да се случи.

Ние се што се случува во Македонија активно следиме и реагираме и сваќаме многу сериозно. Сметам дека сте во право и дека во иднина треба да дејствуваме онака како што рековте, а можеби и многу пооперативно, да ги пресретнуваме случувањата и да бараме меѓународните организации да испраќаат во Македонија независни експерти, претставници на Секретаријатот кои потоа ќе реферираат за се. Се со цел одлуките да се донесуваат колегијално и во легитимни структури, а не под тепих.

[/kopa_block_quote]

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This