дома Свет ЛАВРОВ: Непоканетите да ја напуштат Сирија

ЛАВРОВ: Непоканетите да ја напуштат Сирија

Сите странски сили кои се наоѓаат во Сирија без покана од Дамаск треба да ја напуштат земјата, изјави министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров.

„Сите странски војски кои се наоѓаат таму без покана на сириските власти конечно треба да си одат“, ги искоментира Лавров зборовите на советникот на претседателот на САД за национална безбедност Џон Болтон.

Болтон, кој на 23 август во Женева ќе се сретне со секретарот на советот за безбедност на Русија Николај Патрушев, изјави дека е спремен да разговара со Москва за решавање на состојбата во Сирија, но под услов иранските сили да се повлечат од таа земја.

„Ќе видиме за што можеме да се договориме во врска со решавање на конфликтот во Сирија. Меѓутоа, еден од предусловите е повлекување на иранските сили во Иран“, изјави Болтон.

Подготви
Борислав Стоилковиќ