дома Русија ЛАВРОВ: Сега се гледа-или си држава или не си

ЛАВРОВ: Сега се гледа-или си држава или не си

Ситуацијата во врска со случајот Сергеј  Скрипаљ докажа дека во светот има многу малку самостојни играчи, изјави рускиот шеф на дипломатијата  Сергеј Лавров.

„Се наметнува заклучок дека бевме во право кога повеќе пати нагласувавме дека останаа малку самостојни држави во современиот свет, во современа Европа“, рече Лавров, коментирајќи ја акцијата на протерување на руски дипломати која ја спроведува САД и државите на ЕУ.

Уценаената е единствен јазик на САД на светската арена.

Тој вети дека ќе има конкретен одговор од руска страна за протерувањето на руските дипломати.

,,Ќе одговориме, не се сомневјте во тоа“, им вети на руските дипломати.