Лавров pacпали за Голема Албанија: Тоа се провокaции и опacни игри, НАТО да престане со тие штетни идеи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разговорите за „Голема Албанија“ се провокативни, а Москва ги повикува покровителите на Приштина од НАТО да престанат со ваквите расположенија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ.

Ние веруваме дека тоа се неприфатливи и штетни идеи, рече Лавров на заедничката прес-конференција со Селаковиќ.

„Разговорите за Голема Албанија траат веќе неколку години и ние секогаш ги повикуваме нашите колеги од ЕУ и НАТО, кои ја штитат Приштина, да ги прекинат ваквите расположенија и да спречат форсирање на таква реторика“, рече Лавров.

Во оваа прилика, шефот на руската дипломатија повтори дека Русија ќе го поддржи секое решение за Космет што е прифатливо за Србија.

На прашањето за можното вклучување на Русија во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лавров рече дека Русија не наметнува ништо, но дека ќе биде подготвена да одговори на секој предлог што ќе го добие од српскиот врв.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This