дома Локално ЛАЖНИТЕ ЕКОЛОГИСТИ И „ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ“ МЕДИУМИ СЛЕПИ: Никој не го гледа пожарот кој...

ЛАЖНИТЕ ЕКОЛОГИСТИ И „ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ“ МЕДИУМИ СЛЕПИ: Никој не го гледа пожарот кој беснее на депонијата во Струга!

Вака изгледа Струга, погледната од водите на Охридско Езеро. Ни ”екологистите” ни ”професионалните” медиуми , па ни политичарите, повеќе не го гледаат пожарот во Струга, пишува Охрид1.

Иако цел лето годи депонијата во Струга, од правно никаде нерегиситрираната инцијатива Охрид СОС за оваа во овој дел од Македонија незапамтена еколошка катастрофа која го уништува здравјето на населението во Струга не коментираат ништо. На нивната Фејсбук страна нема постови за депонијата во Струга, нема организирање протести, буквално нема ништо поврзано со овој горлив и реален проблем на жителите околу Охридско Езеро, пишува порталот.

Во текстот се наведува и дека иницијативата, до сега не кажала ниту збор во јавноста, а според она што е познато нема поднесено ниту една кривична пријава против надлежните во Струга, нешто што за онаа иницијатива било пракса кога станува збор за Општина Охрид и градоначаланикот.

Никаде ја нема ни Александра Бујароска од Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“ . 

Ниту Охрид СОС ни Фронт 21/42 во јавноста не излегоа со став за иницијативата за градба на депонија во Општина Дебрца во сливот на Охридско Езеро, а за која новата Влада на Македонија нема изнесено некој прецизен и јасен став.