дома Хроника ЛАЖНИ МАЈСТОРИ КРАДАТ ПАРИ: Лажеле дека се мајстори за кујни и украле...

ЛАЖНИ МАЈСТОРИ КРАДАТ ПАРИ: Лажеле дека се мајстори за кујни и украле 2.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава во јавното обвинителство против К.Б.(53) од Струмица поради сомнение дека во пет наврати во извршил кривичното дело измама, со што се стекнал со имотна корист од 153.750 денари, како и против И.М.(56) од Василево за помагање на првоосомничениот.

„Во периодот од декември лани до март годинава пријавените се појавувале во неселените места Василево, Добрашинци и Висока Маала, каде пред месното население К.Б. лажно се преставувувал како мајстори за изработка на кујни, комоди, ПВЦ и дрвена столарија, додека И.М. го искористувал неговото лично познанство и довербатата што ја имал кај оштетените, со цел полесно да ги убедат да нарачаат производи и да дадат парични средства на К.Б.. Нарачаните производи никогаш не биле изработени и доставени“, објаснуваат од полицијата.