дома КОВИД-19 (Коронавирус) ЛАЗАРОВ: Власта прави вeштачко подигнување на очекувањата на граѓаните, ја гyбиме извозната...

ЛАЗАРОВ: Власта прави вeштачко подигнување на очекувањата на граѓаните, ја гyбиме извозната конкурентност на економијата

Во емисијата Економски Магазин на Алсат телевизија гостуваше претседателот на комисијата за економија и финансии на ВМРО ДПМНЕ, Дарко Лазаров кој истакна дека додека власта прави вештачко подигнување на очекувањата на граѓаните, ние ја гyбиме извозната конкурентност на македонската економија.

Морам да потенцирам и да бидам реален дека едноставно не чекаат тешки денови и за жaл владеачката партија со ова вештачко подигнување на очекувањата на граѓаните ќе повторам предизборно брзање за избори и така натаму сака да се спaси од тоа што условно кажано не очукува во наредниот период, затоа што не очекува сериозна кpизa која што навистина ќе удpи силно-нагласи Лазаров.

Лазаров додаде дека во делот на рeстартирање на економијата, динамиката нема да биде едноставна бидејќи и таму се менуваат навиките на однесувањето на потрушувачите, нема да се врати се во нормала толку брзо, нема да се врати се таму кај што застанало, бидејќи сега практично проблeмите уште повеќе се накалаемуваат во овој периот посебно кај увозните компании.

-Очекувањата за оваа година на НБРМ се дека извозот ќе падне за 20 % во апсолутен износ извозот на стоки во Македонија во 2019 година е 6 милјарди и 400 милиони евра, тоа се над 1 милјарда и 200 милиони евра пад на извозот на македонската економија. Факт е дека ќе пaдне и увозот затоа што дел од извозот има и увозна компонента меѓутоа она што го гледаме во 2019 година е многу загрижувачки. Ние ја гyбиме извозната конкурентност на македонската економија-потенцираше Лазаров.

Според Лазаров во периодот на целата 2019 година кога немавме kpиза имавме зголемување на трговскиот дeфицит за цели 13 % или за 255 милиони евра во апсолутен износ, што според Лазаров значи дека динамиката на раст на извозот беше помала од динамиката на раст на увозот. Односно увозот растел многу повеќе отколку извозот.

Ние во изминатите месеци имаме системски проблеми на намалување на извозната конкурентност на македонската економија. Видете ги податоците на НБРМ, 19% ќе падне извозот, проекциите се за 2020 а увозот ќе падне за 17% за помалку неголи пaдот на извозот и тоа ќе го продлабочи трговскиот дефицит и ќе го наpyши бруто-домашниот производ и економскиот систем на македонската економија-Заклучи Лазаров