дома Спорт Лазаров на кормилото на македонската ракометна репрезентација

Лазаров на кормилото на македонската ракометна репрезентација

Men’s EHF EURO 2020 Sweden, Austria, Norway - Preliminary Round - Group B, Northern Macedonia vs Ukraine, Wiener Stadhalle, Vienna, Austria, 10.1.2020, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Kирил Лазаров е новиот селектор на македонската ракометна репрезентација. Управниот одбор на ракометната федерација, на последниот состанок го назначи капитенот Кире Лазаров за оваа позиција, а потврдата дојде од првиот човек на домашниот ракомет, Живко Мукаетов.

Лазаров истакна дека е подготвен да и биде на располагање на Македонија од март, кога планира да го открие поширокиот список од 35 ракометари. Лазаров ќе бара нови сили за македонската репрезентација, кои во иднина ќе бидат носители на играта во европските натпреварувања.

Лазаров потпиша петогодишен договор, додека работата официјално ќе ја започне на 4 март.