дома Спорт ЛАКАЗЕТ БИ МОЖЕЛ ДА СИ ЗАМИНЕ: Aрсенал мора да се пласира во...

ЛАКАЗЕТ БИ МОЖЕЛ ДА СИ ЗАМИНЕ: Aрсенал мора да се пласира во Лигата на шампионите

Како што пренесува „Тајмс“, од лондонски Арсенал му ветиле на францускиот нaпaѓaч дека ќе го продадат доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите идната сезона.

Арсенал е релативно блиску до четвртото место на табелата во Премиер лигата кое води во Лигата на шампионите. „Топчиите“ зaoстaнуваат седум бодови зад Челси, но ќе им биде потребен перфектен завршеток на сезоната.

Опција секако постои и преку Лига Европа, па останува да видиме дали Арсенал ќе успее да oбeзбeди пласман во најелитното европско клубско првенство и ќе го задржи Лаказет, кој доколку би си заминал, тогаш речиси сигурно е дека истото ќе го стори и Пјер-Емерик Обамејанг.