дома Македонија ЛАСОВСКА: Рашела Мизрахи им пречи затоа што знае да работи, затоа што...

ЛАСОВСКА: Рашела Мизрахи им пречи затоа што знае да работи, затоа што е чесна и работи за татковината

Во услови кога затвореници бегаат од затвори, најсвеж пример, Агим Красниќи од штипскиот затвор, поранешниот премиер спонзорира рекетар.

Екс премиерот комуницира и се договара со рекетари, а вицепремиерката Царовска не спроведува решение и постапувала незаконски.

Истовремено, во општеството се случува хаос создаден од СДСМ, а премиерот Спасовски го избра најлесното решение да удри по жена, да проба да ја замае јавноста, бидејќи стилот на СДСМ е таков.
Удри по жената што си ја сака Македонија.

Рашела Мизрахи им пречи затоа што знае да работи, затоа што е чесна и работи за татковината, не се вклопува во нивната криминална матрица.