дома Македонија ЛАШКОСКА ДО СДСМ: Процесот го водевте сами, не може сега да ја...

ЛАШКОСКА ДО СДСМ: Процесот го водевте сами, не може сега да ја делиме одговорноста

Пратеничката Ане Лашкоска денес на Седницата на Собранието на Република Македонија ја обвини власта дека процесот за потпишување на договорот го воделе сами без никакви консултации и вклученост на опозицијата и токму заради тоа не може сега сите да ја делат одговорноста.

-Сите грчки медиуми прогласија победа во спорот после потпишување на договорот. Македонската страна ги сприфати сите грчки позиции кои што ги имаа нивните политичари. Процесот го водевте сами, а сега сакате сите да ја делиме одговорноста за ововј штетен договор, рече Лашкоска.

Лашкоска додаде дека со овој договор се укинува македонскиот национален идентитет, својата култура, традиција, симболи и доколку поминат овие измени оваа држава ќе биде друга држава без историја и без идентитет.