дома Балкан Лајчак зaгрижен за состојбата во Косово, повика на итно смирување на тeнзиите

Лајчак зaгрижен за состојбата во Косово, повика на итно смирување на тeнзиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово и повика на смирување на тензиите.

„Ги известив шефовите на мисиите на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово. Загрижен сум и повикувам на итна смиреност“, напиша Лајчак на „Твитер“.

За Лајчак, според напишаното, важно е да се намалат тензиите, да се врати мирната атмосфера и да се дозволи слобода на движење.

Тој е во посета на Белград, од каде што вели дека разговарал за ситуацијата на северот на Косово и со амбасадорите на ЕУ.

„Подготвени сме да посредуваме во разговорите за сите отворени прашања во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, вели тој.