ЛГБТ, СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЧКИ, ХЕЛОВИН МОЖЕ – БАДНИК НЕ: Отец Горан Стојчевски реагираше на хајката против дечињата кои присуствуваа на Бадникарската литија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако немаше никакви реакции при организацијата и учеството на високи државни функционери на геј и парадите на сексуалните работнички, како и за присуството на функционери од власта кои го одбележуваа американскиот празник „Хелоувин“, последните неколку дена чествувањето на Бадник предизвика силни реакции на сметка на дечињата кои учествуваа во Бадниковата литија во рамки на која ги посетија и градоначалниците.

По тој повод реагираше и отец Горан Стојчевски кој на својот ФБ профил напиша:

“Халувин – може,

Априлијада – може,

Црвени чадори – може,

Парада на гадоста и тоа можело,

Ден на дрво – и тоа може,

Деца кај претседателот, премиерот, градоначалникот, началникот… и тоа можело,

– Деца во Бадникарски поворки и при Христа, е тоа не можело.

И зошто? Затоа што едноставно не веруваат дека Бог стана човек, за човекот да стане бог од Бога, низ Бога и во Бога.

Робовите на секуларузмот се обични адвокати на ѓаволот едноставно го знаат и познаваат само системот во кој секоја човечка активност дури и верата треба да се регулира со закон, освен лажењето, крадењето, прељубодејството, посакувањето на туѓото, лажното сведочење, почитувањето на родител.

Системот е секогаш тука кога лагата сака да ти ја претстави како вистина, и тоа со Закон.

Нема компромис помеѓу верувањето во Христа како живот вечен, и верата дека смртта е природна работа.”

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This