ЛДП и ДОМ чекаат 3aeв да ги информира за договopoт со Алтepнатива, потоа ќе одлучеле дали е тоа прифатливо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Либерално демократската партија очекува премиерот Зоран Заев да ги информира сите коалициски партнери за договорот со Алтернатива за тие да одлучат дали тоа за нив е прифатливо или не.

ЛДП и ДОМ чекаат Заев да ги информира за договорот со Алтернатива, потоа ќе одлучеле дали е тоа прифатливо
-Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговори и целата енерија на политички чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени. Очекуваме премиерот Заев и јавноста и нас како коалициони партии да не извести, да знаеме во каква нова влада влегуваме, дали тоа за ЛДП е прифатливо или не. Се разбира тоа е наша заедничка одлука со ДОМ, изјави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.

ЛДП и ДОМ имаат три пратеници, а едно министерско место во владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This