дома Социјални Мрежи „ЛЕВИЦА“ ГО СМЕТААТ ЗАЕВ ЗА „МАЛИ ЏОКИЦА“: Апасиев ги коментира хировите на...

„ЛЕВИЦА“ ГО СМЕТААТ ЗАЕВ ЗА „МАЛИ ЏОКИЦА“: Апасиев ги коментира хировите на Зоран Заев

Во јавноста не запираат реакциите поради високите патни трошоци кои се исплаќаат на пратениците. Од 20-те пратеници кој земаат највисоки патни трошоци, дури 10 се од владеачката СДСМ не сметајќи ги коалиционите партнери на СДСМ. На првото место по исплатени патни трошоци е Алија Камберовски, коалиционен партнер на СДСМ, додека на второ е Мира Стојчевска од СДСМ. Токму овие фамозни 20 пратеници за неполна година земале 200 илјади евра од државата.

По притисокот од јавноста, Зоран Заев како соломонско решение понуди пратениците од државата да добијат службени станови и автомобили. Ова наиде на жестока критика од членот на президиумот на Левица, Димитар Апасиев. Тој на својот фесбук профил напиша ,,За пратениците – коли и станови. За работниците – солзи и мрсули. #КакоМалиЏокицаЗамишљаСоцијалДемократија.

Забелешките на Апасиев е на место доколкус се земе в предвид дека три големи компании, во период од неполна година владеење на СДСМ отидоа во стечај, а нивните вработени со месеци немаат добиено плата. Станува збор за Веибо во Крива Паланка, Фени во Каварадци и Еуркомпозит од Прилеп.