Левица пoбapa oд Уcтaвниoт cyд дa ja ykинe фyнкциjaтa нa Артан Груби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Левица поднесе претставка до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата, којшто владата го промени во месец септември. 

Имено, станува збор за новововедената функција – „прв заменик на претседателот на владата“, којашто всушност, како што велат од Левица, е неуставна категорија, поради тоа што истата е воведена со измени и дополнувања на Деловник на Владата.

Од партијата потенцираат дека уредувањето на органите на државната власт е иманентно уставна материја и оттаму не може да се воведуваат нови функции во извршната власт, ниту со закон, а не, пак, како во случајов со подзаконски акт.

„Со ваквите измени на Деловникот за работа на Владата, каде се предвидува нова ваква функција, Власта ги пречекорува уставните ограничувања на владата, како извршна власт и буквално со ваквото нејзино самоволие, таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење, затоа што ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта, како темелна вредност на нашиот устав. Дури ни со Законот за Влада не е допуштено воведување нови државни функции, а не, пак, тоа да се прави со обичен деловник, кој патем Владата сама си го носи. Ваквото самоволие на власта мора да биде спречено од страна на Судот, поради опасноста од тенденцијата – Владата да ја узурпира и законодавната власт, како во овој случај каде што со деловник си уредува уставна материја“, велат од Левица.

Партијата бара да биде перманентно и навремено известувана за постапувањето во однос на оваа нивна иницијатива, како и за исходот од истата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This