дома Свет ЛЕВИЦА СО ПОДДРШКА ЗА МАДУРО, РАМА ЗА ГУАИДО: Левица со поддршка во...

ЛЕВИЦА СО ПОДДРШКА ЗА МАДУРО, РАМА ЗА ГУАИДО: Левица со поддршка во борбата против империјализмот, Рама со поддршка за Американците

Македонската партија Левица на Твитер отворено даде поддршка за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Имено во овие моменти Венецуела е пред граѓанска вojна, а поддршка за власта и опозицијата даваат голем број на држави. Мадуро засега ја има поддршката на Русија, Турција и Куба, а западните сили се на страната на Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за в.д. претседател.

-Поддршка за венецуелскиот народ и Мадуро во борбата против империјализмот!

Гуаидо,инаку, претседател на венецуелското Национално собрание, вчера се самопрогласи за претседател на Венецуела за време на масовните антивладини протести. Венецуелскиот лидер Николас Мадуро ги прекина односите со САД, откако Вашингтон го поддржа лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо како привремен претседател. А поддршка за Гуаидо даде и албанскиот премиер Еди Рама.