дома Магазин Легендарниот пејач е жив: Oваа фотографија го докажува тоа?

Легендарниот пејач е жив: Oваа фотографија го докажува тоа?

Многу веруваат во теоријата дека Елвис Присли е жив и дека ја лажирал својата смрт во 1977 година.

Се зборува дека тоа го направил затоа што не можел да ја поднесе славата затоа што немал мир, а нова фотографија која настанала минатата година, повторно ги зголеми гласините дека тој е жив.

Фотографијата која кружи на интернет настала во близина на неговиот дом, на денот кога требало да го прослави 82 роденден.

Крупен маж со седа брада и коса беше меѓу фановите на Елвис, а кога спорната фотографија е објавена на Фејсбук во групата која вели дека тој уште е жив, многумина воочија сличност меѓу овој човек и пејачот.

Се е уште посомнително, кога ќе ги видите тројцата луѓе во црно позади, за кои се верува дека се телохранители, кои го чуваат Елвис.

Некои одат толку далеку што тврдат дека се работи за Џес Гарон Присли, братот близнак на пејачот, кој инаку е роден мртов 30 минути пред него.

Елвис почина на 17 август 1977 година на 42 години. Телото е пронајдено во купатилото во Грејсленд, а истрагата покажа дека причина за смртта е срцев удар.