дома Македонија ЛЕНЧЕ ОД СЈО НА ЖУРКА ЗА БОЖИК: Снимка од „празнично“ расположената Ленче...

ЛЕНЧЕ ОД СЈО НА ЖУРКА ЗА БОЖИК: Снимка од „празнично“ расположената Ленче Ристовска која инстантно беше избришана од Фејсбук!

Во моментите по победата на Македонија се случува уште една медиумска драма во Македонија – пишува новинарот Миленко Неделковски по повод бришењето на видео снимка од Божикната забава во тетовското кафуле каде што обвинителката Ленче Ристовска ја поминала Божикната вечер

Имено, пробав да го објавам видеото каде Ленче од СЈО обвинителката камен пијана и нашмркана се журка за Божик во кафич Мамбо во Тетово. Мортус пијана – пишува Неделковски на својот ФБ профил, и додава – Тој видео документ го поставив, и во рок не подолг од 90-тина секунди беше избришан и симнат од мојот ФБ. Плус беше избришан и до ФБ страната на Мамбо. И од сите други адреси каде што го имаше.

Новинарот прашува, кој е тој фактор што толку се грижи да не биде нарушен „имиџот“ на Ристовска и зошто постојано некој се обидува да ја цензурира вистината?

„Па ме интересира, која организација, сила или фактор внимава толку детално и педантно на сите ФБ профили за да не биде објавена вистината за Ленка Обвинителка? Да не е амбасадата на Сан Марино во Македонија? Или конзулатот на Андора. Фино вика Мирка (читајте ја утре): Десороизација значи деамериканизација.“ – пишува Неделковски.

Со помош на Македонските борци за слобода на информација, Миленко успеа да го објави видеото на Јутјуб.