дома Занимливости ЛЕПА БРЕНА СИ ГО МPАЗИ ВИСТИНСКОТО ИМЕ, НО И ПРЕКАРОТ: „Сакав да...

ЛЕПА БРЕНА СИ ГО МPАЗИ ВИСТИНСКОТО ИМЕ, НО И ПРЕКАРОТ: „Сакав да се викам Софија!“

Лепа Брена која викендов одржа спектакуларен концерт во Скопје со кој одбележа 35 години кариера откри дека вистинското име Фахрета Јахиќ не си го сака, но не и се допаѓа ниту прекарот Брена кој што го добила уште пред да стане позната. Имено, Фахрета станала Брена во далечната 1975 година кога тренирала кошарка.

Во тој период почнав активно да тренирам кошарка. На тој терен и беше создаден мојот прекар Брена. Ми го даде тогашниот тренер Влада Бајер. Додека шутирав на кош, ми викна: „Ајде сега, Брено!”. Во Босна тоа беше синоним за убава девојка. Од секогаш сум сакала да се истакнувам, да си се изборам за место под сонцето. Ма, како шило бев, затоа и се најдов под кош, со топка во рацете. Тука дојде до израз и мојата смисла за реалност. Сфатив дека не сум доволно талентирана за кошарка и дека секогаш ќе има подобри од мене, кои нема да можам да ги достигнам. Кога подоцна Саша Поповиќ ме праша да ли имам прекар, се сетив на тој настан и така станав Брена, откри пејачката после скопскиот концерт.