дома Балкан ЛЕТААТ ОСТАВКИ: Подгорица остана без шефови на полицијата, свикан Совет на националната...

ЛЕТААТ ОСТАВКИ: Подгорица остана без шефови на полицијата, свикан Совет на националната безбедност

Директорот на Управата на полицијата Славко Стојановиќ и началникот на подгоричкиот Центар за безбедност Јовица Речевиќ поднесоа оставки поради загрозената безбедносна ситуација во главниот град на Црна Гора

„Поради влошената безбедносна ситуација на територија на главниот град во текот на оваа седмица, Стојановиќ и Речевиќ пондесоа оставки“, изјавил за РТЦГ црногорскиот министер за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ.

Се наведува дека премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ за утре закажал седница на Советот за национална безбедност.

Нухоџиќ рекол дека на седницата ќе бидат повикани претставници на сите надлежни државни органи, „пред се обвинителството и судството“.

„Евидентно е и тие органи мораат да дадат поголем придонес во поддршката и работата на полицијата, бидејќи мораат да сфатат дека ова не е само пресметка на полицијата против криминалците, туку и дека во таа борба силен придонес мораат да дадат и правосудните институции“, порачува Нухоџиќ.