дома Социјални Мрежи ЛЕТАА И БИЛБОРДИ: Паднати дрвја, срушени кровови, паднати билборди – хаос во...

ЛЕТАА И БИЛБОРДИ: Паднати дрвја, срушени кровови, паднати билборди – хаос во Скопје, Шилегов и градоначалниците ги нема никаде!

Поради недостаток од атмосферска канализација, невремето и дождот во Скопје, денеска, повторно оставија хаос зад себе. Паднати дрвја, билборди, поплавени улици, подруми, приземја од станбени објекти.

Поплавени се и подвозниците. Речиси цел град е во вода ,,до гуша”-поплавени беа главните булевари, кои се под Град Скопје, особено сервисните улици во надлежност на општините.

Под вода се сите населби: Карпош, Центар, Чаир, Кисела Вода, Аеродром…

Зошто ова се случува на секој пороен дожд ?

Бидејќи, само една третина од главниот град е покриен со атмосферска канализација. Главните булевари се речиси 100 отсто со атмосферска, но од она што може да се види на секој пороен дожд, тие немаат капацитет за примање на големи количества дождовница. Особено онаа која доаѓа од споредните улици, кои немаат ваков вид канализација и со години се во катастрофална состојба.

Општинските градоначалници не се ажурни во решавање на овој проблем. Поточно, ретко кога се фаќаат во коштец со капитални проекти, важни за граѓаните.