дома Занимливости „Летечкиот човек“ го прелета Ламанш

„Летечкиот човек“ го прелета Ламанш

Десет дена по неуспешниот обиде, летечкиот човек Френки Запата конечно со својта направа „Flyboard“ успеа да го прелета каналот Ламанш кој ги раздбојува Франција и Велика Британија.

Запата тргнал во 8:15 ч од плажата Сангате во Франција, на половина пат успешно наполни керозин и дваесетина минути подоцна пристигна на јужниот брег во Англија.

Тој преку морето леташе на висино од 15 до 20 метри.

Неговиот „ Flyboard “ е автономно летало со погон на керозин кој е сместен во ранецот на Запата. За да го прелета 35 километри широкиот канал тој мораше да застане на половина пат и да се снабди со керозин, во првиот обид токму тука тастанаа проблемите кога Запата не ја погоди платформата на која требаше да слета за да дополни гориво и падна во морето.