дома Македонија Летонија го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Летонија го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО. Како што соопшти, денеска е усвоен нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Македонија кон Алијансата.

НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се зaштитaт меѓусебно. Пристапувањето на Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската бeзбеднocт, рече Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт-законот во Саима. Оваа информација на твитер ја објави и Мисијата на Летонија во НАТО.