дома Спорт ЛЕЈКЕРСИ СО НОВ МОЌЕН ТАНДЕМ: Антони Дејвис е нов играч на Лос...

ЛЕЈКЕРСИ СО НОВ МОЌЕН ТАНДЕМ: Антони Дејвис е нов играч на Лос Анџелес Лејкерс

Како „бoмбa“ одекна веста во Лос Анџелес кога се дозна дека Антони Дејвис ќе биде новиот партенер на Леброн Џејмс во тимот на Лејкерс.

Управата размислуваше како да го оствари овој договор, во поглед на размена на играчи, но повеќе од јасно беше дека Лејкерси ќе одат по мега засилување.

За Дејвис, Лејкерс испраќа дури тројца играчи во Њу Орлеанс, Лонцо Бол и Џош Харт и Брендон Инграм, дополнително Лејкерс на Пеликаните им отстапи право на три први пика на драфтовите, вклучувајќи го и изборот број 4 на драфтот кој ќе се одржи за некој ден.

Лос Анџелес сега мора да се надева дека овој моќен тандем под новиот тренер Френк Фогел, можат да се издагнат и да го понесат тимот на старите патеки, а на социјалните мрежи фановие веќе се поистоветуваат со легендарните тандеми на Лејкерс, како што се Меџик Џонсон и Карим Абдул-Џабар и Коби Брајант со Шакил О’Нил.