дома Македонија ЛЕЈЛА РАМКОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО СВОЈОТ ТАТКО ОТКАКО ТОЈ ИЗЛЕЗЕ НА СЛОБОДА

ЛЕЈЛА РАМКОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО СВОЈОТ ТАТКО ОТКАКО ТОЈ ИЗЛЕЗЕ НА СЛОБОДА

Лејла Рамковска, ќерката на Велија Рамковски на социјалните мрежи објави фотографија со него и нејзината сестра Емел Рамковска по излегувањето од затвор.

Поранешниот сопственик на телевизијата А1, Велија Рамковски, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“ денеска излезе на слобода.

Рамковски беше осуден на 13 години затвор, но  добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен.

Отпустот за лекување значи дека Велија Рамковски по неколку месеци треба повторно да се врати во затвор, но постои и можност тој целосно да биде ослободен доколку до тогаш изминат 8,6 години откако е притворен, односно ќе има одлежено две третини од казната по што може да бара условен отпуст.