дома Европа Лидерите на ЕУ донесоа одлука за воведување на стpoги рecтрикции за пaтувањата

Лидерите на ЕУ донесоа одлука за воведување на стpoги рecтрикции за пaтувањата

Лидерите на ЕУ заклучиле на вечерашниот состанок посветен на пандемијата на ковид-19 дека внатрешните и надворешните граници на ЕУ мораат да останат отворени, но со примена на строги мерки на рестрикции на неесенцијални патувања.

– Убедени сме дека мораме да оставиме отворени граници, но истовремено разгледуваме и рестрикции за неесенцијални патувања, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по состанокот на лидерите исто така порача дека е неопходно да се одржи функционалност на единствен европски пазар преку непречен проток на роба и работници.

Лидерите на ЕУ ја нагласија сериозноста на моменталната епидемиолошка ситуација во Европа и повикаа на обележување на таканаречени „темно црвени“ зони на епидемиолошката мапа на Европа со која би ги означиле местата каде е зголемена циркулацијата на вирусот.

Заклучено е дека на надворешните граници на ЕУ ќе се воведат додатни мерки со цел запирање на ширењето на вирусот, па од патниците од трети земји од сега ќе се бара и тестирање пред да патуваат.

Извор: Блиц.рс