дома Политика ЛИДЕРСКА СРЕДБА ОВОЈ МЕСЕЦ: Лидерите на политичките партии ќе се сретнат во...

ЛИДЕРСКА СРЕДБА ОВОЈ МЕСЕЦ: Лидерите на политичките партии ќе се сретнат во Охрид на 18.мај?

Според информации на весникот „Независен“ во текот на овој месец, поточно на 18-мај во Охрид ќе се одржи лидерска средба на која ќе учествуваат шефовите на позицијата и опозицијата

 

Во рамки на процесот „Жан Моне“ на иницијатива на ЕУ, во Охрид ќе се одржат неколкудневни средби помеѓу пратениците од владеачкото мнозинство и опозицијата од 15 до 17 мај, а за на 18. мај е предвидена идерска средба, пренесува весникот „Независен“.

Според весникот, на средбата ќе присуствуваат Зоран Заев и Христијан Мицкоски, како и Али Ахмети од ДУИ.

Се очекува на средбата да  биде присутен претставник и на БЕСА, како и Мендух Тачи од ДПА и Зијадин Села од Алијанса за Албанците.